Опис на производот
LEGO® Marvel Танцувачки Грут (76297) е градечка играчка Guardians of the Galaxy со интерактивна танцувачка функција. Таа е одличен подарок за деца од 10 години нагоре кои се обожаватели на Marvel ликот Грут, супер хероите и градечките LEGO играчки. Оваа градечка играчка Грут за деца има подвижна глава и артикулирани раце. Кога децата ќе ја свртат рачката на задната страна од саксијата, артикулираниот Грут почнува да танцува. Фигурата може да се приспособи со дополнителни лисја, градечки слушалки и очила за сонце, а децата можат да ја персонализираат саксијата на Грут со додавање 1 од 3 различни плочки со име на предната страна (вклучувајќи една поврзана со ТВ-серијата I Am Groot). Сите овие додатоци можат да се складираат во вградениот преградок на саксијата. За да биде градењето на моделот уште позабавно, апликацијата LEGO Builder им овозможува на децата да зумираат, да ги вртат моделите во 3D и да го следат напредокот додека градат.
Податоци за производот
• Градечка анимирана играчка Грут за деца – Танцувачки Грут е интерактивен подарок за момчиња и девојчиња на возраст од 10 години нагоре
• Танцувачки супер херој – Сетот за играње вклучува градечки Грут во саксија, 3 различни плочки со име за прикачување на саксијата и додатоци, вклучувајќи слушалки, очила за сонце и дополнителни лисја
• Интерактивен танцувачки Грут – Кога децата ќе свртат рачка на задниот дел од градечката играчка, артикулираниот модел на Грут почнува „фанки“ да танцува
• Сет за играње со супер херој – Главата на Грут се врти, рацете му се подвижни, а саксијата има вграден преградок за складирање на сите додатоци
• Подарок Guardians of the Galaxy – Израдувај ги обожавателите на Marvel ликот Грут, супер хероите и градечките LEGO® играчки со овој интерактивен сет за играње
• 3D упатства за градење – Децата можат да ја преземат апликацијата LEGO® Builder за имерзивно искуство во градење, со дигитални алатки за зумирање и вртење на моделите во 3D, зачувување на сетовите и следење на напредокот
• Повеќе LEGO® Marvel сетови за играње – Широкиот опсег на LEGO Marvel градечки играчки става постојано променлива вселена на имагинативни авантури со супер херои во рацете на децата
• Сет за градење од 459 делови – Целосно склопениот модел е висок 22 cm