Опис на производот
Девојчиња и момчиња на возраст од 5 години и погоре можат да разигруваат забавни приказни со една од 12-те колекционерски фигури од LEGO® Minifigures Животни, серија 28 (71051) во малите мистериозни кутии со играчки животни. Во секоја кутија има по една изненадувачка LEGO минифигура и вкупно 12 ликови за колектирање, вклучително и фигури со костими на папагал, лав, жаба, крокодил, далматинец, златна рипка, слатко зајче, паун, мека мачка, коала, делфин и мајмун. Секоја од 12-те минифигури доаѓа во запечатена мистериозна кутија и сите имаат најмалку по еден додаток. Овие детални слатки играчки-животни може да се додадат на постоечка колекција, да се изложат со гордост или да се користат за создавање забавни приказни. Овој мал подарок за деца кои сакаат животни и природа е одлична изненадувачка награда и инспирира прекрасно раскажување приказни и безброј часови игра самостојно или со пријатели.
Податоци за производот
• КОЛЕКЦИОНЕРСКА МИНИФИГУРА – Обожавателите на LEGO® на возраст од 5 години и погоре можат да ги колекционираат, да играат и да ги изложуваат овие ликови LEGO® Minifigures Животни, серија 28, со по една мала минифигура-животно играчка во секоја мистериозна кутија
• 1 ОД 12 ЖИВОТИНСКИ ИГРАЧКИ – Децата можат да уживаат во една од 12-те колекционерски играчки во секоја кутија, вклучително и минифигури со костими на лав, жаба, крокодил, мајмун, коала, папагал, куче, слатко зајче, златна рипка, мека мачка, паун и делфин
• ЗАБАВНИ ДОДАТОЦИ – Сите LEGO® минифигури доаѓаат со најмалку еден додаток, вклучително и мајмун со банана, далматинец со фризби-диск, златна рипка со храна за риби, крокодил со гумена патка и многу повеќе
• ИНСПИРИРА КРЕАТИВНА ИГРА – Овие слатки играчки-животни во ограничено издание, вклучувајќи сафари-животни и миленици, ја поттикнуваат фантазијата на децата и им овозможуваат на девојчињата и момчињата да разигруваат приказни самостојно или со пријатели
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК ЗА ДЕЦА – Овие колекционерски LEGO® минифигури се забавен мал подарок за деца кои заслужиле награда и ја сакаат природата
• КОЛЕКЦИОНИРАЈ, ИГРАЈ И ИЗЛОЖИ – Животински минифигури за деца за колектирање, составување, игра со претварање и гордо изложување