Опис на производот
„Одличен ден е за авантура, нели, Громит?“ Опушти се и нурни се во светот на Волас и Громит со овој сет за градење LEGO® Ideas (21371) за возрасни од 18 години нагоре. Создај детален модел на славното дуо како вози ретро мотор, како што е прикажано во наградуваниот филм Wallace & Gromit: A Close Shave. Постави ја двојката во различни пози, а потоа бутни го моторот за да ги ставиш тркалата во движење. Овој сет за градење е инспириран од идеја на фан-дизајнер, која беше избрана како главна награда во предизвикот LEGO Ideas „’90s Throwback – the Next Chapter“. Полн со препознатливи додатоци, вклучувајќи крекери, клопче предиво и дијамант во тајниот простор под седиштето на моторот, моделот претставува прекрасно украсување за полица во твојот дом или канцеларија. Почести го татко ти, мајка ти или кој било колекционер на артикли поврзани со Волас и Громит со оваа креативна идеја за подарок. Апликацијата LEGO Builder го надополнува твоето креативно искуство со 3D дигитални упатства, следење на напредокот и можности за зумирање. Сетот содржи 1.038 делови.
Податоци за производот
• ПОДАРОК „ВОЛАС И ГРОМИТ“ – Создај носталгичен омаж на инвентивниот свет на саканото дуо со овој сет за градење LEGO® Ideas (21371) за возрасни од 18 години нагоре
• „НАВИСТИНА НИ ОДИ, ГРОМИТ“ – Изгради ги двете подвижни фигури на нивниот винтиџ мотор со приколка и заврти ги тркалата за да создадеш динамичен украс за полица во твојот дом или канцеларија
• ОДЛИЧЕН ПРЕДИЗВИК – Уживај во опуштена активност додека ги доловуваш карактеристиките на дуото, вклучувајќи ги очилата на Громит кои му ги зголемуваат очите и подигнувањето на ремчињата на неговата капа, како да мавтаат на ветер
• ИКОНСКИ ДОДАТОЦИ – Побарај забавни скриени детали што се повикуваат на незаборавни приказни, вклучувајќи ги омилените крекери на Волас, клопче предиво и дијамант во тајниот простор под седиштето на моторот
• РЕТРО ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК ЗА ВОЗРАСНИ – Почести се себеси или друг фан на Волас и Громит со овој шармовен сет за градење, совршен подарок за носталгичните деца од ’90-тите, мајки и татковци
• СОБЕРИ ГИ ТВОИТЕ ГРАДБИ – Симни ја апликацијата LEGO® Builder, каде што можеш да ги зачуваш сетовите, да го следиш напредокот, да зумираш и да го ротираш твојот сет со помош на 3D упатства
• ИЗБОР НА ФАНОВИТЕ – Инспириран од идеја за производ на фан-дизајнер, за која гласаа фановите и која ја произведе групацијата LEGO
• ДИМЕНЗИИ – Овој ретро LEGO® дисплеј-сет од 1.038 делови е висок над 23 cm, долг 23 cm и широк 18 cm