Опис на производот
Сетот за градење LEGO® Creator 3 во 1 „Слатки животни: Разиграно кутре“ (31382) им овозможува на децата од 8 години нагоре да разиграат забавни приказни. Оваа играчка со слатки животни за девојчиња и момчиња нуди 3 различни опции за градење со истиот сет коцки. Децата можат да изберат да изградат играчка куче со подвижна глава, уши, нозе, опашка, веѓи и уста, кое доаѓа со огрлица, играчка коска и чинија со вода. Ова може да се прегради во верверичка играчка со подвижна глава и опашка која држи жолтка, или во модел патка со подвижна глава и езерце полно со зеленило. Кога играњето ќе заврши, секој модел може гордо да се изложи. Овој 3 во 1 сет со животни ќе ја разбуди детската имагинација и е слатко подарокче за девојчиња и момчиња кои сакаат игра со претварање. Децата можат со самодоверба да го изградат секој играчки сет користејќи ја апликацијата LEGO Builder – зумирај, врти во 3D и следи го напредокот со лесни дигитални инструкции. Имајте предвид дека моделите не можат да се изградат истовремено. Сетот содржи 336 делови.
Податоци за производот
• 3 ВО 1 ИГРАЧКА ЖИВОТНИ – Сетот за градење LEGO® Creator 3 во 1 „Слатки животни: Разиграно кутре“ (31382) им овозможува на девојчиња, момчиња и деца од 8 плус години да изградат и преградат 3 фигури животни со истите коцки
• БЕСКРАЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ИГРА СО ПРЕТВАРАЊЕ – Децата можат да разиграат забавни приказни со 3 слатки животни играчки (моделите не можат да се изградат истовремено): LEGO® куче, верверичка играчка или патка играчка
• ПОДВИЖНИ LEGO® ЖИВОТНИ – Играчката куче има подвижна глава, уши, нозе, опашка, веѓи и уста, моделот верверичка има подвижна опашка и глава, а играчката патка има подвижна глава
• ДЕТАЛНИ ДОДАТОЦИ – Играчката куче има огрлица со плочка, играчка коска и чинија со вода, верверичката има жолтка за држење, а патката доаѓа со езерце исполнето со зеленило
• ПОДАРОК ЗА ДЕЦА – Овој LEGO® Creator 3 во 1 сет е слатко подарокче за девојчиња или момчиња на возраст од 8 години и погоре кои ги сакаат животните, креативните играчки и имагинативната игра
• УШТЕ ПОВЕЌЕ 3 ВО 1 ЗАБАВА – Уживајте во уште повеќе забавни приказни со други сетови за градење (се продаваат одделно) од големата палета LEGO® Creator 3 во 1
• НАСИТИ ЈА СТРАСТА НА ТВОЕТО ДЕТЕ – Секој 3 во 1 сет нуди 3 различни опции за градење инспирирани од нивните најголеми страсти, вклучувајќи животни, возила и куќи
• ДИМЕНЗИИ – Овој 336-делен LEGO® 3 во 1 сет со животни содржи играчка куче високо 13 cm, долго 17 cm и широко 9 cm