Главниот плоштад во средновековниот град LEGO® Icons не е само уште еден сет; тоа е патување низ времето, во кое можеме да ги откриеме сите убавини и предизвици на средновековниот живот. Оживувајќи го селото Фелса, LEGO ја спојува својата страст кон средновековната историја и класичните LEGO® Castle модели, создавајќи така совршена комбинација за обожавателите.
Да го прашаме Хенрик Рубин Сааби, главниот дизајнер на сетотоот

Што ве инспирираше за оваа зграда?
"Инспирацијата ја црпев од страста кон средновековната историја и класичните LEGO® модели на замоци, па се обидов да го создадам средновековното село со најкреативни решенија. Со тимот сакавме да му останеме што е можно поверни на самиот период и да користиме сложени и богати со детали елементи, кои не само што се прекрасни и автентични, туку се обидуваат и да раскажат приказна.”
Има ли нови ликови во овој сет и има ли нешто што би го издвоил?
"Секако, создадовме сосема нови и уникатни ликови, како кралициниот собирач на данок и гостилничарот, а за првпат користевме и модуларни решенија, благодарение на кои зградите се преклопуваат, па моделот можеш да го изложиш на полицата под кој било агол, токму како што сакаш".
Дали во сетот има некакво скриено изненадување, велигденско јајце??
Сетот е полн со приказни, живост и богати детали. Има скриени велигденски јајца, но не сакам никому да му го одземам задоволството од откривањето. Верувам дека овие мали детали ќе го направат составувањето навистина незаборавно. "

За љубителите на средниот век
Овој сет LEGO® Icons е повеќе од комплет за составување; тој е порта кон минатото, алатка што им овозможува на обожавателите да создадат и доживеат сопствена приказна. Без разлика дали ги истражуваш тајните на гостилницата „Скршени секири“ или се воодушевуваш на прецизните детали во работилницата на изработувачот на штитови, сигурни сме дека ќе стекнеш незаборавни спомени.
Освен тоа, овој сет нуди одлично искуство не само за возрасните, туку и за децата, особено кога целото семејство заедно ја оживува оваа средновековна приказна, коцка по коцка.
Прашањето е само дали си подготвен за патување низ времето до средниот век со LEGO®?