Опис на производот
Подобрете ги односите меѓу луѓето и киборгите во вашиот дом со моделот C-3PO за градење и изложување! Создадете ги сите детали на симпатичниот дроид во LEGO® стил, а потоа свртете ја главата, рацете и наместете го во познати пози! Изложете ја вашата креација покрај информативната плочка за C-3PO и LEGO минифигурата на C-3PO! Коцката по повод прославата на 25-годишнината од LEGO® Star Wars™ го комплетира овој носталгичен украс.
Податоци за производот
• LEGO® Star Wars™ фигура на дроидот C-3PO за градење – Донеси го еден од најпривлечните ликови од Star Wars во галаксијата во својот дом со овој реалистичен модел на C-3PO за градење и изложување
• Уживај во автентичните детали – Долви го изгледот на C-3PO во LEGO® стил и сврти му ја главата и помести му ги рацете за да создадеш препознатливи пози
• LEGO® Star Wars™ минифигура на C-3PO – Главниот модел на C-3PO за градење во овој сет е надополнет со LEGO минифигура на C-3PO
• Централен украс по повод 25-годишнината – Сетот вклучува постамент со информативна плочка за C-3PO и простор за LEGO® минифигурата на C-3PO, плус LEGO Star Wars™ коцка по повод 25-годишнината
• Носталгична идеја за подарок за возрасни – Почести се себеси или подари го овој колекционерски, изграден од коцки модел за изложување на друг возрасен обожавател на класичната сага Star Wars™ или на страстен колекционер на LEGO® Star Wars сетови
• Star Wars™ колекционерски сет – Поврзи ги повторно 2 стари пријатели така што ќе го изложиш C-3PO заедно со изградената од коцки LEGO® фигура на дроидот R2-D2 (75379, се продава одделно) и ќе ја наместиш раката на C-3PO за да ја потпира на главата на R2-D2
• LEGO® Star Wars™ сетови за возрасни – Од галаксија далеку, далеку до твојот дом, LEGO Star Wars сетовите за градење за возрасни се осмислени за луѓе како тебе кои уживаат во имерзивни, креативни проекти со работа со раце
• Забавна декорација за дом за обожаватели на Star Wars™ – Изградената од коцки LEGO® фигура на дроидот C-3PO во овој сет од 1.138 делови е висока над 38 cm