Опис на производот
Стави ги на проба своите вештини за градење и присети се на класичните сцени од битките од Star Wars™ со овој LEGO® Star Wars модел на шлем на пилот на TIE ловец (75274) за градење и изложување! Совршена идеја за подарок за Star Wars експерти постари од 18 години и за било кој искусен LEGO градител, бидејќи LEGO коцките и налепниците прекрасно ги прикажуваат иконските контури и детали на шлемот.
Изгради и изложи! Оваа колекционерска Star Wars играчка – шлем за градење – содржи и основа со табличка со име, па сигурно ќе го привлече вниманието во твојот дом или канцеларија. Погледни ги и останатите нови LEGO Star Wars модели „изгради и изложи“, што ќе излезат во мај 2020 година – сетот Империски шоковојник шлем (75276) и сетот Boba Fett шлем (75277).
Галаксија на забава! Групацијата LEGO од 1999 година создава иконски вселенски бродови, возила, локации и ликови од универзумот Star Wars. LEGO Star Wars е нашата најуспешна тема, па затоа љубителите од сите возрасти можат да бираат од безброј сетови што се одлични и за играње и за изложување.
Податоци за производот
• Главните карактеристики на производот наскоро ќе ги сумираме и тука.
• Дотогаш, описот на производот погоре и сликите ќе Ви помогнат да се снајдете.