Опис на производот
Момчиња и девојчиња на возраст од 9+ години и љубители на NASCAR® може да ја соберат, изградат, си играат и ја изложат оваа играчка автомобил LEGO® Speed Champions NASCAR Next Gen Chevrolet Camaro ZL1 (76935) за деца. Овој моќен тркачки автомобил украсен со живописни бои и пламен има дизајнерски детали од вистински автомобили што се натпреваруваат во NASCAR Cup Series. Моделот на NASCAR играчка-автомобил вклучува реалистични карактеристики, како заден спојлер, предна решетка, хауба, фарови и тркала, внатрешност со заштитна рамка, контролна табла, менувач и противпожарен апарат, како и автентични логотипи на Camaro, Cup Series и NASCAR. Тркачкиот сет исто така доаѓа со минифигура на NASCAR возач што децата можат да ја сместат зад воланот за да разиграат возбудливи трки. Играчките возила LEGO Speed Champions им овозможуваат на децата и на страствените љубители на автомобили да градат висококвалитетни реплики на некои од најиконичните возила во светот. Секој автомобил може да се изгради со помош на хартиените инструкции или со апликацијата LEGO Builder, која вас и вашето дете ве води низ лесна и интуитивна авантура на градење.
Податоци за производот
• NASCAR® играчка-автомобил за деца – LEGO® Speed Champions NASCAR Next Gen Chevrolet Camaro ZL1 тркачки автомобил за момчиња и девојчиња на возраст од 9+ години и за љубители на NASCAR
• 1 минифигура – Колекционерската Chevy играчка вклучува минифигура NASCAR® возач со кацига што децата можат да ја сместат зад воланот за да приредат свои NASCAR трки
• Автентични детали на Chevrolet – Моделот на NASCAR® Next Gen Chevrolet Camaro ZL1 тркачки автомобил има препознатлив заден спојлер, предна решетка, фарови и реалистични детали во внатрешноста
• LEGO® модел на играчка-автомобил за изложување – Откако децата ќе се натпреваруваат со изградениот модел на автомобил, можат гордо да го изложат на полица или на ноќната масичка
• Тркачки подароци – NASCAR® сетот за игра обезбедува забавно искуство на градење и играње и е идеја за подарок за деца на возраст од 9+ години, љубители на NASCAR и возрасни колекционери на автомобилски модели
• Поголеми тркачки авантури – Побарајте уште автомобили LEGO® Speed Champions (сетовите се продаваат одделно) со автентични детали
• Иконични модели на автомобили за игра и изложување – Сетовите за градење LEGO® Speed Champions им овозможуваат на децата и на страствените љубители на автомобили да градат реплики на некои од најиконичните возила во светот
• Димензии – Овој модел на автомобил за градење од 328 делови е висок 4 cm, долг 16 cm и широк 7 cm