Опис на производот
Момчињата и девојчињата на возраст од 8 и повеќе години кои се фанови на Sonic можат да се впуштат во забавни авантури со комплетот LEGO® Sonic the Hedgehog™ Механичкиот оклоп на Наклс (76996). Инспирирани од Sonic и другите ликови од видеоигрите, децата се охрабрени да смислуваат безброј мисии за Наклс и Руж додека го составуваат комплетот и на имагинативни начини ја доигруваат приказната за исчезнувањето и враќањето на Главниот смарагд со помош на едрилицата и оклопот. Оваа забавна играчка Sonic за деца нуди многу акција и можности за раскажување приказни. Децата можат да си играат на повеќе начини како Наклс го брани Главниот смарагд, или како Руж го краде и бега. Децата кои сакаат акциони фигури ќе бидат горди на ваков детален оклоп. Брзата забава полна со акција се спојува со можностите за креативна игра во овој LEGO Sonic the Hedgehog™ комплет за деца. Обожавателите на Синиот еж ќе уживаат во создавањето инспиративни сцени со 3 свои омилени фигури од Sonic. Децата можат да уживаат во лесна и интуитивна градежна авантура со апликацијата LEGO Builder, каде што можат да ги зумираат и ротираат моделите во 3D, да ги зачувуваат своите сетови и да го следат својот напредок.