Опис на производот
Прославете ја ТВ-серијата LEGO® NINJAGO® со овој сет за градење „Ковачница на четири оружја – 15-годишнина“ (71858). Момчиња, девојчиња и носталгични обожаватели на возраст од 14 години и погоре ќе бидат воодушевени што првпат можат да ја изградат, изложат и прераскажат акцијата со оваа иконична ковачница – првата локација во пилот-епизодата на ТВ-серијата LEGO NINJAGO. Отворете ја нинджа-играчката од напред за да откриете спална и ковачница полни со детали и додатоци од историјата на серијата. Децата можат да пронајдат нинджа-налепници скриени во играчката зад отстранливите постаменти за шлемови и капуљачи и да истиснат знак за да ја откријат картата со златните оружја. Сетот доаѓа со 6 минифигури, ликови од историјата на ТВ-серијата: Маја, Реј, Нија, ковачот Каи, мајсторот Ву, плус, за првпат, колекционерски елементален Мајстор на Земјата на постамент. Децата можат самоуверено да го изградат сетот користејќи ја апликацијата LEGO Builder – да зумираат, да ротираат во 3D и да го следат напредокот со лесни дигитални упатства. Сетот содржи 1.259 делови.
Податоци за производот
• СЕТ ЗА ПРОСЛАВА – Обожавателите на нинџи на возраст од 14 години и погоре сега можат да го изградат својот сет „Ковачница на четири оружја – 15-годишнина“ (71858), првата локација од пилот-епизодата на ТВ-серијата LEGO® NINJAGO®
• МОДЕЛ НА КОВАЧНИЦА – Откако ќе го завршите сетот за градење, отворете го моделот од напред за да откриете спална и ковачница полни со детали од историјата на серијата што ќе ги воодушеват обожавателите на NINJAGO®
• ЗАБАВНИ ФУНКЦИИ – Фантастична играчка за прослава на 15 години историја на NINJAGO® со налепници скриени зад постаменти за капуљачи и шлемови, плус децата можат да истиснат знак за да ја откријат тајната карта со златните оружја
• 6 NINJAGO® МИНИФИГУРИ – Овој носталгичен сет има ликови од ТВ-серијата: Маја, Реј, Нија, ковачот Каи, мајсторот Ву, плус, за првпат, колекционерски елементален Мајстор на Земјата
• ПОДАРОК ЗА ТИНЕЈЏЕРИ – Овој носталгичен NINJAGO® сет за играчки нуди наградувачко искуство во градење и игра и е одличен нинџа-подарок и изложбен модел за стари и нови обожаватели на NINJAGO
• ЗАБАВЕН НАЧИН НА ГРАДЕЊЕ – Нека апликацијата LEGO® Builder ги води децата низ интуитивна авантура во градење, каде што можат да ги зачуваат сетовите, да го следат напредокот и да ги зумираат и ротираат моделите во 3D додека градат
• СВЕТ НА LEGO® NINJAGO® СЕТОВИ – Оваа обемна колекција им овозможува на обожавателите на нинџи и на децата да избегаат во имерзивен фантастичен свет за имагинативна игра со нивните нинджа-херои
• ДИМЕНЗИИ – Овој авантуристички сет за играчки со 1.259 делови вклучува ковачница висока 18 cm, широка 23 cm и длабока 16 cm