Опис на производот
Возбудливи авантури ги очекуваат децата и обожавателите на возраст над 9 години со овој LEGO® Monkie Kid™ комплет за имагинативна и креативна игра „Ѕверот со девет глави“ (80056). Играчката содржи акциона фигура на летечко чудовиште со девет глави, со подвижни крилја, нозе, врат и опашка, а клунот на централната глава на митското суштество може да се отвора. Овој комплет за имагинативна игра вклучува мал храм, мини-робот и други додатоци за инспирирање приказни, како и 2 обоени камења, минифигури на демон со девет глави, Кралот мајмун, Меи, г-дин Танг и Монки Кид. Мини-роботот доаѓа со ракетен погон, фрлач и функција за „фаќање“. Децата ги очекува едноставна и интуитивна градежна авантура со апликацијата LEGO Builder! Во апликацијата можат да ги зумираат и ротираат 3D верзиите на моделите, да ги зачувуваат сетовите и да го следат својот напредок. Комбинирајте го овој забавен LEGO сет со другите комплети од асортиманот (се продаваат одделно) за уште повозбудлива игра. Сетот е инспириран од класичниот роман „Патување на запад“, а колекционерските LEGO® Monkie Kid играчки се одличен начин за возрасните на модерен и разигран начин да им ја пренесат легендата за Кралот мајмун на своите деца.