Опис на производот
LEGO® Minecraft® Прибежиште за животни (21253) е разновидна идеја за подарок од коцки за гејмери и деца. Играчката вклучува 6 Minecraft животни за кои можат да се грижат девојчиња и момчиња на возраст од 7 и повеќе години, а во овој сет за првпат се појавува ликот од LEGO® Minecraft®, Ефе, со кој може да се играат акциони игри со улоги. Овој сет со животни во биомот на рамнините е поделен на 3 области: оградено игралиште со капија и просторија во која има сандак полн со храна за животни, вклучувајќи коска, морков и пченица; маса за пикник под дрвото; и тепих на кој уморните животни можат да се одморат. Покрај негувателката Ефе, сетот вклучува и мали „мобови“: Minecraft маче, магента овца, волк, зајаче и крава... па дури и мало Minecraft зомби. Овој LEGO Minecraft градежен сет за деца е идеја за подарок поврзан со видеоигри за деца и љубители на животни. Тој поттикнува слободна игра со улоги и лесно може да се комбинира со други LEGO Minecraft играчки (се продаваат одделно). За дополнително дигитално искуство, градителите можат да ги зголемуваат моделите, да ги ротираат во 3D и да го следат својот напредок со апликацијата LEGO Builder.