Прескокни и премини на податоците за производот
21365
Шифра
750
Коцки
18+
Возраст
LEGO® Ideas

Заљубени птици

3.299 MKD
Промотивна цена  3.299 MKD Редовна цена 
Click & Collect
Наскоро достапно за нарачка
Производот е достапен само во нашите продавници.
Испораката може да трае 2-4 работни дена. При преземањето на пратката, за нарачки со плаќање при достава, достапно е плаќање во готово и со банкарска картичка. Дополнителни детали: Информации за испорака
Лично преземање во нашите продавници наведени подолу: Бесплатно лично преземање
Производот можете бесплатно да го подигнете по истекот на 2 часа од направената нарачка, во една од следниве наши продавници

LEGO® Store Skopje

Сите важни информации во врска со лично преземање
ќе ги најдете тука!
Сподели со пријателите
Сподели
Врската е копирана!
Опис на производот

Прослави ја љубовта и пријателството и создади слатка декорација со птици со сетот за возрасни LEGO® Ideas Love Birds (21365). Изгради прецизно детализирано LEGO дрво и намести ги 2 прекрасни птици во корално-розова боја меѓу неговото пролетно зеленило. Заврти им ги главите и намести ги на гранката така што, заедно, ќе создадат форма на срце кога се гледаат од задната страна. Победник на предизвикот LEGO Ideas „Build from the Heart“, оригиналниот дизајн за овој сет е создаден од обожавател и за него гласаа LEGO обожаватели. Тој е слатен подарок за Денот на вљубените за неа, него, парови и љубители на уметност, и значајно парче за изложување. Овој креативен сет за возрасни нуди забавна, романтична активност за парови, без разлика дали си нов во LEGO сетовите или поискусен градител. А можеш да градиш попаметно со апликацијата LEGO Builder – зголемувај, ротирај во 3D, следи го напредокот и следи ги чекор-по-чекор дигиталните инструкции. Сетот содржи 750 делови.

Податоци за производот

• ДЕКОРАЦИЈА СО ПТИЦИ – Претстави љубов и пријателство со сетот за возрасни LEGO® Ideas Love Birds (21365), со 2 љубовни птици кои споделуваат момент на нежност на расцветано дрво

• СУПТИЛНИ ДЕТАЛИ – Изгради ги птиците во корално-розова боја и намести ги на LEGO дрвото меѓу неговото пролетно зеленило

• КРЕАТИВЕН СЕТ ЗА ВОЗРАСНИ – Градењето на овој LEGO сет е забавна активност за парови, без разлика дали се нови во LEGO градењето или искусни градители

• GRADI OD SRCE – Прилагоди ја положбата на 2-те птици така што, заедно, ќе создадат форма на срце кога се гледаат од задната страна

• ПОДАРОК ЗА ВОЗРАСНИ – Овој слаток LEGO сет е забавна алтернатива за подарок за Денот на вљубените за неа, него, парови и љубители на уметност

• ДИГИТАЛНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ГРАДЕЊЕ – Со апликацијата LEGO Builder можеш да го зголемуваш и ротираш во 3D својот сет со дигитални инструкции за градење, да го следиш напредокот и да ги зачуваш сите свои сетови на едно место

• ИЗБОР НА LEGO ОБОЖАВАТЕЛИТЕ – Овој LEGO сет за возрасни е дел од колекцијата LEGO® Ideas, каде што секој сет за градење е создаден од дизајнер-обожавател, за него гласаат LEGO обожаватели и го произведува LEGO Group

• ДИМЕНЗИИ – LEGO дрвото во овој модел сет за градење од 750 делови е високо 22 cm, широко 31 cm и длабоко 17 cm

Слични производи