Опис на производот
Поттикнете носталгија за „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“ со овој LEGO® Ideas класичен филмски сет за возрасни (21360). Прекрасен модел за изложување кој го слави популарниот филм од 1971 година, ова LEGO изградено од коцки препрочитување на чоколадната фабрика на Вонка е исполнето со автентични детали. Сетот исто така вклучува 9 LEGO минифигури на омилени ликови за да ги оживеете култните сцени. Завртете ја школката за да го ставите во движење чоколадниот водопад. Ставете минифигура Oompa Loompa на воланот на бродот Wonkatania за да ги одведе добитниците на Златниот билет на пловење по чоколадната река. Создадете верзии, изградени од коцки, на неверојатните слатки јадливи работи, како што се растението-шолја за чај и дрвото бонбона. Отворете ја тајната врата на Oompa Loompa што води до канцеларијата на Вили Вонка. Има толку многу за истражување во фабрика каде ништо не е баш онака како што изгледа. Овој сет LEGO Ideas е прекрасен носталгичен подарок за љубителите на филмови, кој им овозможува да создадат забавен фантастичен декор. Сетот содржи 2.025 делови.
Податоци за производот
• Класичен LEGO® Ideas филмски сет за возрасни – Разбуди носталгија за слаткиот фантастичен свет прикажан во легендарниот филм „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“ со овој модел за градење и изложување
• Автентични детали изградени од LEGO® коцки – Чоколаден водопад со шарени цевки, бродот Wonkatania, работна зона за Oompa Loompas, канцеларијата на Вили Вонка со тајна врата, растенија-бонбони и многу повеќе
• Филмски LEGO® сет „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“ – Заврти ја контролата за да го пуштиш во работа чоколадниот водопад и смести Oompa Loompa, Вили Вонка и 5-те добитници на Златниот билет во бродот Wonkatania
• 9 LEGO® минифигури – Прераскажи незаборавни сцени со минифигурите Вили Вонка, Чарли Бакет, Дедо Џо, Огустус Глуп, Мајк Тиви, 2 Oompa Loompas, Верука Солт и Вајолет Борејгард
• Носталгичен подарок за љубители на филмови – Почести се себеси или подари го овој LEGO® Ideas сет за градење на други креативни возрасни кои го сакаат оргиналниот филм „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“
• Потопи се во искуството – Уживај во секој чекор од градењето со апликацијата LEGO® Builder; зголеми и ротирај 3D дигитална верзија на твојот модел додека градиш, следи го напредокот и зачувај ги сите сетови на едно место
• Избор на LEGO® обожавателите – Овој LEGO сет за возрасни е дел од колекцијата LEGO® Ideas, каде секој сет за градење е создаден од обожавател-дизајнер, за него гласаат LEGO обожавателите и го произведува LEGO Group
• Фантастичен декор – Овој модел на фабриката за чоколадо на Вили Вонка со 2.025 делови е висок 19 cm, широк 52 cm и длабок 26 cm и додава разигран шмек на декорот во секоја просторија