Опис на производот
Внеси разиграна атмосфера во твојот дом со Luxo Jr. и оддај признание на исклучителната улога на оваа фигура од Disney Pixar во историјата на анимацијата! Присети се на скокачките, вртливите и живахни движења на Luxo Jr.! Изгради ја Pixar-топката полна со изненадувања што потсетуваат на Pixar-филмовите! Изложи го Luxo Jr. како ја притиска Pixar-топката, токму како што можеше да го видиш во кусиот филм од 1986 година, кој ја промени судбината на CGI-технологијата.
Податоци за производот
• Модел за изложување што се гради – Долови го разиграниот дух на Luxo Jr. со овој позиционирачки LEGO® модел од коцки на ликот кој првпат се појави во револуционерниот анимиран краток филм на Disney Pixar од 1986 година, Luxo Jr.
• Колекционерско филмско сувенирче изградено од коцки – Овој LEGO® Ideas | Disney Pixar Luxo Jr. модел што се гради е целосно артикулиран за да ги пресоздаде скокањата, потскокнувањата и вртењата на ликот
• Disney Pixar топка што се гради – Pixar топката содржи скриени „велигденски јајца“ што упатуваат на познатите филмови на Disney Pixar Up, The Incredibles, Ratatouille, Monsters, Inc., Toy Story и Finding Nemo
• Забавна опција за изложување – Отстрани 2 заоблени плочи од двете страни на Pixar топката за да создадеш основа на која Luxo Jr. може да стои, како да ја спласнува Pixar топката
• Носталгична идеја за подарок за мажи, жени и сите обожаватели на Disney Pixar – Почести се себе си или подари го овој LEGO® Ideas сет за градење за возрасни на друг љубител на филмовите на Disney Pixar
• Потопи се во искуството – Пронајди упатства за градење на апликацијата LEGO® Builder и во вклучената книшка, која содржи интервјуа со обожавателот-дизајнер на сетот за градење и со LEGO дизајнерите
• Избор на LEGO® обожавателите – Овој сет што се гради е од линијата LEGO Ideas, каде секој сет е создаден од обожавател-дизајнер, изгласан од LEGO обожаватели и произведен од LEGO Group
• Декорација за домашна канцеларија – Disney Pixar Luxo Jr. моделот што се гради во овој LEGO® Ideas | Disney Pixar сет од 613 делови е висок над 29 cm, широк 14 cm и длабок 11 cm