Опис на производот
Изгради носталгија за класичниот филм на Тим Бартон со диорама-сетот LEGO® Ideas Disney Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas за возрасни (21351). Забавна празнична идеја за подарок за мажи, жени и сите љубители на фантастични филмови или колекционери на филмски споменици, сетот вклучува поврзливи модели на 3 легендарни локации од Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas – Спиралниот рид, куќата на Џек Скелингтон и Општинската сала на Хеловин-градот. Уживај во автентични детали, како што се одечката када, таблата во куќата на Џек со неговата формула за Божиќ и пултот во Општинската сала каде што Џек го одржа својот говор за Божиќ. Овој разигран LEGO сет за изложување меѓу твоите божиќни украси вклучува 8 ликови од Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas: минифигури на Џек Скелингтон, Сали, Дедо Мраз, Лок, Шок и Барел, плус кучето Зиро и фигурата Градоначалник изградено од коцки со 2 лица. Пронајди упатства за градење во кутијата и во апликацијата LEGO Builder, која исто така има одлични алатки за 3D преглед.
Податоци за производот
• Филмски диорама-сет за возрасни – Изгради 3 легендарни локации од Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas за да создадеш разиграни празнични украси за домот со овој колекционерски сет LEGO® Ideas
• 8 ликови од Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas – Минифигури на Џек Скелингтон, Сали, Дедо Мраз, Лок, Шок и Барел LEGO® Minifigures, плус кучето Зиро и фигурата Градоначалник со 2 лица, која се гради од коцки
• Пререкажи сцени од Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas – Поврзливи модели на Спиралниот рид и гробиштата, куќата на Џек Скелингтон и Општинската сала на Хеловин-градот со фонтана однадвор
• Автентични детали – Погледни ја месечината зад Спиралниот рид, крени го покривот од куќата на Џек за да ја откриеш неговата формула за Божиќ и постави го Џек на пултот во Општинската сала подготвен да го одржи својот говор
• Идеја за празничен подарок за мажи, жени и сите љубители на фантастични филмови – Подари го овој LEGO® диорама-сет за возрасни на сите обожаватели на Tim Burton’s The Nightmare Before Christmas или на колекционери на филмски споменици
• Празнична активност – Вклучува брошура со интервјуа со обожавателот-дизајнер на сетот и LEGO® дизајнерот, плус упатства што те водат низ секој чекор од твојата креативна авантура
• Изборот на LEGO® обожавателите – Овој колекционерски LEGO сет за возрасни е дел од палетата сетови LEGO® Ideas, секој создаден од обожавател-дизајнер, изгласан од LEGO обожаватели и произведен од LEGO Group
• Забавна празнична декорација – Моделот на куќата на Џек во овој сет со 2.193 делови е висок 32 cm, широк 51 cm и длабок 27 cm