Опис на производот
Изостри го вниманието и создај класичен дизајн одново! Овој колекционерски LEGO® сет за возрасни, кој ја претставува камерата Polaroid OneStep SX-70 (21345), е совршен подарок за фотографи и љубители на фотоапарати. Помини квалитетно време создавајќи ги култните детали како што се оптичкото визирче, спектарот на бои и тркалцето за компензација на експозицијата, и додај ги налепниците со реалистична графика. Состави ја касетата за филм Polaroid Time-Zero Land Film со 3 илустрирани фотографии, потоа стави ја во камерата, притисни го црвеното копче за сликање и исфрли ја фотографијата исто како кај оригиналот! Побарај го упатството за градба во кутијата и во апликацијата LEGO Builder за да те водат низ секој чекор од оваа привлечна и креативна градба. Овој модел од LEGO Ideas е дел од внимателно изработената колекција на висококвалитетни LEGO сетови за возрасни. Без оглед на твојата страст, имаме проект за градба токму за тебе.