Опис на производот
Совршено бегство од модерниот живот! Подгответе се да се вратите во 1950-тите со овој проект за градење LEGO® Pickup Truck (10290). Преполн со детали, овој реалистичен модел ја пресоздава формата на винтиџ пикап камионет со неговите заоблени линии. Истражете го моделот за да откриете реалистични карактеристики на пикап камионет, како товарен дел со степеник, врати и заден капак што се отвораат и отстранливи дрвени странични огради. Прославете ги годишните времиња Овој камион работи напорно цела година, испорачувајќи производи од Green Farm. Создадете сезонски приказ со многуте додатоци што се вклучени. Има тачка со цвеќиња и леика за полевање за пролет. За лето има 2 дрвени гајби, домати, моркови и кофа за млеко. Есента носи гајба со тикви, додека за зима има венец и празничен подарок. Уживајте во патувањето Овој сет е дел од колекционерска серија на LEGO модели за градење за возрасни кои ја ценат убавата дизајнерска изработка. Нуди имерзивно градење и ќе биде одличен подарок за секој обожавател на винтиџ модели на пикап камионети.
Податоци за производот
• Главните карактеристики на производот наскоро ќе ги сумираме и тука.
• Дотогаш, описот на производот погоре и сликите ќе Ви помогнат да се снајдете.