Опис на производот
Забавата блеска и свети со овој шарен сет „Самовилско лунапарко со луда железница и чајанка“ (11214), сет за градење каде што децата можат да уживаат во бескрајна имагинативна игра на самовилскиот вашар. Дизајниран да ги поддржи креативните вештини на девојчиња и момчиња на возраст од 4 години и поголеми, овој LEGO® Gabby’s Dollhouse сет за играње вклучува миникукла Геби, како и фигурини Пенди Пау и Kittycorn. Придружи им се на Gabby Cats додека си играат на лулка-тага, се вртат во чашките за чај и летаат по луда железница во форма на пеперутка. Кога е време за одмор, децата можат да застанат кај павилјонот за забавна чајанка со додатоци, вклучувајќи 3 колачиња, 2 шолји и чајник. Овој самовилски сет за играње е преполн со восхитувачки детали што го прават одличен роденденски, празничен или секојдневен подарок. Доаѓа со шарени сликовни упатства и големи Почетни коцки за градењето да биде брзо и забавно. А со апликацијата LEGO Builder, децата можат да зумираат, да ротираат во 3D и да го следат напредокот со едноставни дигитални упатства. Сетот содржи 137 делови.
Податоци за производот
• СЕТОВИ ЗА ГРАДЕЊЕ ОД САМОВИЛСКИОТ СВЕТ – Вртете се и танцувајте низ цветниот свет со LEGO® Gabby’s Dollhouse „Самовилско лунапарко со луда железница и чајанка“ (11214), шарен, магичен сет за играње направен специјално за деца од 4 години и поголеми
• ФИГУРИ ОД GABBY’S DOLLHOUSE – Придружи им се на Геби, Пенди Пау и Kittycorn од телевизиската серија додека се смеат, играат и го истражуваат вашарот
• САМОВИЛСКИ СЕТ ЗА ИГРА СО ПРЕТВАРАЊЕ – Децата можат да ги постават фигурите на лулка-тага, во вртелешката со чашки за чај и на лудата железница во форма на пеперутка и да уживаат во една волшебна возачка по друга
• СЕТ ЗА ЧАЈАНКА – Направете пауза од возачките и уживајте во вкусна ужинка кај павилјонот, со 3 колачиња, 2 шолји и чајник за топли приказни со чај
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК ЗА ДЕЦА – Со лесни чекори за градење, овој самовилски сет за играње е одличен подарок за девојчиња и момчиња и нуди забавен начин да се поддржи нивниот креативен развој
• УШТЕ AVANTURI SO GABBY’S DOLLHOUSE – Погледни ја целата палета играчки (се продаваат одделно) за да ги прошириш можностите за имагинативна игра уште повеќе
• ИГРАЧКИ ЗА ПРЕДУЧИЛИШТЕ – LEGO® сетовите дизајнирани специјално за деца од 4 години и поголеми ги инспирираат децата со универзум на филмски фаворити соодветни на возраста, омилени ТВ-ликови и секојдневни херои
• ДИМЕНЗИИ – Лудата железница во овој сет за градење од 137 делови е висока над 9 cm, широка 16 cm и длабока 7 cm