Опис на производот
Започни со раскажување приказни со играчката LEGO® Friends Хотел за зајчиња во Heartlake City (42679) за девојчиња и момчиња на возраст од 5 години и погоре. Оваа играчка за игра со претварање вклучува 2 минифигури и 2 играчки зајчиња, овозможувајќи им на децата да раскажуваат приказни за грижа за животни. Овој симпатичен сет е преполн со забавни детали, како што се специјалната врата за миленици за зајчињата и слаткиот знак со зајаче. Внатре има тепих во форма на морков, простор за спиење со креветчиња за зајчињата, плус контролен список за пријавување и одјавување на зајчињата од хотелот. Надвор има простор за седење за зајчињата, каде што можат да седат заедно и да уживаат во колаче со морков. Други додатоци ги поттикнуваат децата да се грижат за милениците со четка, клопче волница, храна и вода за зајчињата и лопата за собирање на изметот од зајачињата. Овој сет е одличен подарок за девојчиња и момчиња кои ги сакаат животните. Со апликацијата LEGO Builder, децата можат да уживаат во интуитивна авантура на градење, каде што можат да зумираат и да ги вртат сетовите со помош на 3D инструкции за градење, да ги зачуваат сетовите и да го следат напредокот. Сетот содржи 161 делови.
Податоци за производот
• ХОТЕЛ ЗА ЗАЈЧИЊА – Вклучи се во раскажување приказни за девојчиња, момчиња и љубители на миленици на возраст од 5 години и погоре со оваа играчка со зајчиња, која вклучува 2 минифигури, 2 зајчиња и додатоци со тема морков
• ЗАБАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ХОТЕЛОТ – Изгради и истражи го деталниот хотел за зајчиња, кој вклучува врата за миленици и простор за спиење со креветчиња за зајчињата и многу слатки детали, вклучително и тепих во форма на морков
• 2 ЛИКОВИ ОД LEGO® FRIENDS – Оваа играчка LEGO® Friends Хотел за зајчиња во Heartlake City (42679) доаѓа со 2 минифигури, Пејсли и Лео, плус 2 фигурини на животни за да ја поттикнат фантазијата
• ДОДАТОЦИ ЗА ИГРАЧКИ ЗАЈЧИЊА – Вклучува многу додатоци за играчки животни за грижа за милениците, како што се четка, клопче волница, колаче со морков, храна и вода за зајчињата и лопата за чистење на изметот од зајачињата
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК – Овој сет за играње е забавен подарок за љубителите на животни кои уживаат во смислување свои приказни со играчки за игра со претварање
• ОНЛАЈН СЕРИЈА – Откриј уште повеќе креативни идеи за играње со други сетови (се продаваат посебно) и онлајн серијата LEGO® Friends: The Next Chapter, каде што децата ги запознаваат ликовите од Heartlake City
• ДИГИТАЛНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ГРАДЕЊЕ – Апликацијата LEGO® Builder ги води децата низ дигитална авантура на градење, која им овозможува да зумираат и да ги вртат сетовите со помош на 3D инструкции, како и да го зачуваат и да го следат својот напредок
• ДИМЕНЗИИ – Сет со 161 делови, со модел висок 11 cm, широк 13 cm и длабок 12 cm