Опис на производот
Инспирирајте ги децата да создаваат свои слатки приказни со играчката LEGO® Friends Пекарница за грицки за кучиња (42677) за девојчиња и момчиња на возраст од 6 години и погоре. Пекарницата е полна со забавни детали и додатоци кои ќе ги воодушеват љубителите на миленици. Откријте рерна, апарат за кафе, фрижидер и простор за седење, плус многу детали пријателски за животните, како забавни натписи, транспортер за миленици и врата за миленичиња. Има дури и рампа до шанкот за кучињата да може да учествуваат во послужувањето на гостите! Овој сет за игра со претварање доаѓа со 2 мини-фигурки, 4 кучиња-играчки и многу додатоци за миленици, за децата да „печат“ часови и часови забава. Деталите вклучуваат мени-картичка, крофни, колачиња, грицки за кучиња, коска, млеко, шолји и многу повеќе. Овој LEGO сет пекарница е одличен подарок за девојчиња, момчиња и љубители на миленици. Со апликацијата LEGO Builder, децата можат да уживаат во интуитивна авантура на градење каде што можат да зумираат и да ги вртат сетовите со користење 3D-инструкции за градење, да ги зачуваат сетовите и да го следат напредокот. Сетот содржи 278 делови.
Податоци за производот
• ИГРАЧКА-ПЕКАРНИЦА ЗА КУЧИЊА – Ослободете ја забавата во раскажувањето приказни за девојчиња, момчиња и љубители на миленици на возраст од 6 години и погоре со оваа играчка-пекарница која вклучува 2 мини-фигурки, 4 кучиња-играчки и многу додатоци
• РАЗИГРАЈ ПРИКАЗНИ СО МИЛЕНИЦИ – Создавајте приказни со мавтање со опашки за кученцата и нивните сопственици во LEGO® Friends Пекарница за грицки за кучиња (42677), која вклучува рерна, апарат за кафе, фрижидер, простор за седење и многу повеќе
• 2 LEGO® FRIENDS ЛИКА – Доаѓа со мини-фигурките Алија и Сејџ, плус 4 кучиња-играчки и многу забавни детали пријателски за животните, како врата за миленици, рампа, грицки, забавни натписи и транспортер за миленици
• ЗАБАВНИ ДОДАТОЦИ ЗА ПЕКАРНИЦА – Додатоците за поттикнување на детската имагинација вклучуваат мени-картичка, крофни, колачиња, млеко, шолји, грицки за кучиња, коска, капи за ликовите и нивните миленици и многу повеќе
• ПОДАРОК ЗА ЉУБИТЕЛИ НА МИЛЕНИЦИ – Овој детски сет пекарница за кучиња е забавен роденденски подарок за девојчиња и момчиња од 6 години и погоре кои сакаат животни и играчки за игра со претварање
• ОНЛАЈН СЕРИЈА – Откријте уште креативни идеи за игра со други сетови (се продаваат одделно) и онлајн серијата LEGO® Friends: The Next Chapter, каде што децата ги запознаваат ликовите од Heartlake City
• ЗАБАВЕН НАЧИН НА ГРАДЕЊЕ – Апликацијата LEGO® Builder ги води децата низ интуитивна авантура на градење, каде што можат да ги зачуваат сетовите, да го следат напредокот и да ги зумираат и вртат моделите со користење 3D-инструкции додека градат
• ДИМЕНЗИИ – Сет од 278 делови со модел висок над 12 cm, широк 19 cm и длабок 12 cm