Опис на производот
Засили ја фандом енергијата и создади суперартикли со сетот за градење LEGO® Editions Тајното складиште на Оливија Родриго (43030) за деца на возраст од 10 години и погоре. Сетот е полн со одлични детали што ќе ги воодушеват обожавателите, а оваа играчка и декор со музичка тема им овозможува на младите креатори да изработат кул колекција предмети што ја симболизираат кариерата на Оливија. Основата е куфер за концертна турнеја, а има и гитара, тетратка во која таа пишува текстови, микрофон, винил-плоча, мегафон и телевизор. Внатре во телевизорот има минифигура на Оливија Родриго во нејзиниот препознатлив навивачки костум, опкружена со оган и поплави инспирирани од спотот за песната „Good 4 U“. Исто така содржи скриени детали предложени лично од Оливија и претставува одличен украс за детска соба кој децата со гордост ќе го покажуваат. Оваа играчка е одлична идеја за подарок за девојчиња, момчиња и љубители на музика. Достапна е и во апликацијата LEGO Builder, каде што децата можат да ги зумираат и вртат своите креации и да го следат својот напредок. Сетот содржи 1.085 делови.
Податоци за производот
• КРЕАТИВНА МУЗИЧКА ИГРАЧКА – Овозможи им на обожавателите на возраст од 10 години и погоре да создадат и изложат сопствени артикли со сетот за градење LEGO® Editions Тајното складиште на Оливија Родриго (43030)
• ПОЛН СО ЗАБАВНИ ДЕТАЛИ – Децата можат да го отворат куферот за концертна турнеја за да откријат 3 скриени прегради, плус гитара, тетратка во која Оливија пишува текстови, микрофон, винил-плоча, мегафон и телевизор
• СОБИРЛИВА МИНИФИГУРА – Изгради минијатурна сцена инспирирана од препознатливиот спот за песната „Good 4 U“, со минифигура на Оливија Родриго во впечатлив навивачки костум „на екран“ во телевизор
• РАЗИГРАН МУЗИЧКИ ДЕКОР – По играњето, импресионирај ги пријателите покажувајќи го сетот како впечатлив украс за спална или детска соба, кул додаток на било која полица, биро или ноќна масичка
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК ЗА ЉУБИТЕЛИ НА МУЗИКА – Израдувај млад обожавател на Оливија Родриго со овој креативен роденденски или празничен подарок за девојчиња и момчиња
• ДИГИТАЛЕН ПОМОШНИК ЗА ГРАДЕЊЕ – Идните поп-ѕвезди можат да пристапат до овој сет во апликацијата LEGO Builder, каде што можат да следат дигитални инструкции, да ја зумираат и вртат својата креација во 3D и да го следат напредокот
• LEGO® EDITIONS – Продолжи со креативната игра со уште сетови на Оливија Родриго (се продаваат посебно) од колекцијата Editions
• ДИМЕНЗИИ – Моделот од 1.085 делови е висок 27 cm, широк 25 cm и длабок 16 cm