Опис на производот
Сите на брод со играчката LEGO® DUPLO® „Peppa Pig Boat Trip“ (10432) за часови радосно предучилишно учење. Девојчиња и момчиња на возраст 2+ им се придружуваат на дедо Прасето и Пепа Прасе додека со неговиот брод тргнуваат кон плажата. Оваа играчка за градење и повторно градење е полна со креативни додатоци што им даваат инспирација за раскажување приказни. Тие ѝ помагаат на Пепа да нанесе крема за сончање пред да тргне во потрага по школки и да ги усовршуваат вештините за редење додека градат замок од песок. Ако сонцето е премногу жешко, Пепа може да се засолни под сонцобран, или да оди да плива, а малите деца ја вежбаат координацијата око-рака и фината моторика додека ѝ помагаат да ги облече перајата. Ако и малите деца сакаат да се разладат, можат и тие: овој Peppa Pig сет со брод навистина плови, па можат со часови да уживаат во прскање со оваа водена играчка. LEGO DUPLO Peppa Pig играчките за деца се дизајнирани да го поддржат предучилишното учење и да им помогнат на малите деца логички и креативно да размислуваат додека составуваат низа на настани во приказна и имитираат сцени од ТВ-серијата.
Податоци за производот
• Фантастичен сет за игра со плажа и брод – Мали деца на возраст 2+ тргнуваат во плажна авантура со LEGO® DUPLO® Peppa Pig Boat Trip, инспириран од ТВ-серијата
• Играчка за градење и повторно градење со 2 Peppa Pig фигури – Доаѓа со фигури на Пепа и дедо Прасето, брод-играчка за градење што плови, плус многу креативни додатоци за бескрајно раскажување приказни
• Peppa Pig играчка што им помага на малите деца да прераскажат весела забава на плажа – Пепа нанесува крема за сончање пред да гради замок од песок со нејзината лопатка, да собира школки во нејзиното кофче и да плива со перајата
• Пловечка играчка за водена забава – Овој Peppa Pig брод навистина плови, па малите деца можат да уживаат во игра со вода со нивниот омилен ТВ-лику
• Идеја за подарок за мали деца – Направете голем плесок со малите деца што ја сакаат Peppa Pig и водените играчки со овој подарок за посебни пригоди за предучилишни деца
• Квалитетни сетови – LEGO® DUPLO® Peppa Pig играчките за градење и повторно градење користат коцки и елементи што се тестирани до максимум за да се осигури дека ги исполнуваат строгите стандарди за детска безбедност
• Образовна играчка за предучилишни деца – LEGO® DUPLO® Peppa Pig играчките го поддржуваат развојот на фината моторика и емоционалниот развој преку забавни, креативни моменти за игра
• Димензии – Овој сет со 23 делови вклучува брод-играчка што е висок над 11 cm, долг 12 cm и широк 18 cm