Опис на производот
Влези во светот на чудовиштата со Изи и помогни ѝ да врати еден спомен, кој го украде нејзината зла двојничка, Дизи, на грбот на гавранот на Мрачната вештерка! Откриј магична игра со јајца и помогни ѝ на Изи да се трансформира во фантастично животно за да го фати гавранот. Состави црвена панда за потера по копно, птица за потера во воздух и желка за потера под вода!
Податоци за производот
• Креативноста да излезе од јајцето! – Ослободете ја детската креативност со магичното јајце LEGO® DREAMZzz™ Соништата на Изи за животни, наменето за девојчиња и момчиња на возраст од 8+ години
• Комплет со животински играчки – Младите сонувачи можат да изберат своја авантура со претворање на јајцето во 3 приспособливи суштества: играчка црвена панда, играчка птица и играчка морска желка
• 3 авантури – Црвената панда брка гавран на копно, волшебната птица во воздух, а митската желка под вода
• Изи против Дизи – Комплетот е оживеан со минифигурите на Изи и Дизи, овозможувајќи им на децата да се запознаат со херојот и неговиот злобен двојник
• Подарок од светот на фантазијата за деца – Комплетот со играчки може да биде забавен подарок за роденден или празник за девојчиња и момчиња на возраст од 8+ години, обожаватели на шоуто LEGO® DREAMZzz™ и љубители на животни
• Искусете ја акцијата! – Комплетот вклучува упатства за градење водени од приказна, достапни и во апликацијата LEGO® Builder, каде што децата можат да ги ротираат градбите и да го следат својот напредок
• Светот на највозбудливите детски соништа – Колекцијата LEGO® DREAMZzz™ ја ослободува имагинацијата и им овозможува на младите сонувачи да играат свои авантури додека градат фантастични суштества и возила
• Димензии – Во комплетот од 328 елементи, играчката црвена панда е висока 19 см