Опис на производот
Спушти се во зајачката дупка со овој сет за градење LEGO® BrickHeadz™ | Disney „Алиса во земјата на чудата“ (40925), уникатна идеја за подарок за девојчиња, момчиња и љубители на филмови на возраст од 10 години нагоре. Оживеј го фантастичниот свет на Земјата на чудата создавајќи BrickHeadz верзии на 4 култни ликови: Алиса, Белиот Зајак, Лудиот Шеширџија и Мачката Чешир. Додади доза Disney магија во домот кога овие разиграни модели за декорација од „Алиса во земјата на чудата“ ќе ги изложиш на полица, биро или ноќна маса. Сетот содржи 601 дел.
Податоци за производот
• ИГРАЧКИ АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА ЗА ДЕЦА – Стани „сѐ пољубопитен“ со сетот за градење LEGO® BrickHeadz™ | Disney „Алиса во земјата на чудата“ (40925) за девојчиња и момчиња на возраст од 10 години нагоре
• 4 КУЛТНИ DISNEY ЛИКОВИ – Децата можат да уживаат во забавно искуство на градење додека конструираат BrickHeadz™ верзии на Алиса, Белиот Зајак, Лудиот Шеширџија и Мачката Чешир
• АВТЕНТИЧНИ ДЕТАЛИ – Фигурите носат лесно препознатливи облеки од оригиналниот, класичен Disney филм од 1951 година, а додатоците вклучуваат срце, џебен часовник, чадор и шолја за чај
• ФИЛМСКА ДЕКОРАЦИЈА – По градењето, обожавателите можат да ја збогатат својата колекција на филмски сувенири и да ги изложат разиграните креации на полица, биро или маса
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА – Почести ги девојчињата, момчињата и љубителите на филмови со овој сет за градење инспириран од филмот за родендени, празници и други специјални прилики
• ДИМЕНЗИИ – Сет од 601 дел, при што Алиса е висока над 8 cm, Белиот Зајак над 10 cm, Лудиот Шеширџија над 12 cm, а Мачката Чешир над 9 cm