Прескокни и премини на податоците за производот
31385
Шифра
542
Коцки
9+
Возраст
LEGO® Creator

Морски животни: Прекрасни делфини

3.299 MKD
Промотивна цена  3.299 MKD Редовна цена 
Click & Collect
Наскоро достапно за нарачка
Производот е достапен само во нашите продавници.
Испораката може да трае 2-4 работни дена. При преземањето на пратката, за нарачки со плаќање при достава, достапно е плаќање во готово и со банкарска картичка. Дополнителни детали: Информации за испорака
Лично преземање во нашите продавници наведени подолу: Бесплатно лично преземање
Производот можете бесплатно да го подигнете по истекот на 2 часа од направената нарачка, во една од следниве наши продавници

LEGO® Store Skopje

Сите важни информации во врска со лично преземање
ќе ги најдете тука!
Сподели со пријателите
Сподели
Врската е копирана!
Опис на производот

Сетот за градење LEGO® Creator 3 in 1 Морски животни: Прекрасни делфини (31385) им овозможува на деца од 9 години нагоре да разиграат забавни приказни. Овој сет со фигури на морски животни за девојчиња и момчиња нуди 3 различни опции за градење со истиот сет коцки. Тие можат да изберат да изградат динамичен модел на возрасен и бебе делфин со подвижни делови кои „јахаат“ бран што се крши над корал. Овој модел потоа може да се прегради во подвижен морски коњ на шарен постамент со морска трева и подвижна школка, или рак до морски растенија и медуза. Кога играњето ќе заврши, секој прекрасен модел може гордо да се изложи како прекрасна природна декорација на полица или биро. Овој LEGO Creator 3 in 1 сет ќе ја инспирира детската имагинација и е одлична идеја за подарок за деца кои ги сакаат морските животни. Тие можат со самодоверба да го изградат секој сет за игра со помош на апликацијата LEGO Builder – да зумираат, ротираат во 3D и да го следат напредокот со лесни за следење дигитални инструкции. Ве молиме забележете дека моделите не може да се градат истовремено. Сетот содржи 542 делови.

Податоци за производот

• 3 ВО 1 ФИГУРА НА ЖИВОТНО – Сетот за играње LEGO® Creator 3 in 1 Морски животни: Прекрасни делфини (31385) им овозможува на девојчиња, момчиња и деца од 9 години нагоре да изградат и преградат 3 океански играчки со истите коцки

• БЕСКРАЈНИ ОПЦИИ ЗА ИГРА СО ПРЕТВАРАЊЕ – Децата можат да уживаат во забавни приказни со 3 прекрасни животински играчки (моделите не може да се градат истовремено): 2 делфини што „јахаат“ бран, модел на морски коњ или рак играчка

• ПОДВИЖНИ ОКЕАНСКИ ИГРАЧКИ – Возрасниот и бебе делфинот имаат подвижни перки и опашки, играчката морски коњ има подвижна глава и опашка, а ракот играчка има подвижни очи и клешти

• ДОДАТОЦИ ЗА ИГРА И ИЗЛОЖУВАЊЕ – Делфините „јахаат“ бран што се крши со корал, морскиот коњ е на постамент со морска трева и подвижна школка, а ракот доаѓа со медуза и морски растенија

• ПОДАРОК ЗА ДЕЦА – Оваа LEGO® Creator 3 in 1 играчка за градење за деца е забавен подарок за девојчиња, момчиња и љубители на животни кои уживаат во игра со претварање со детални креативни играчки

• ЗАБАВЕН НАЧИН НА ГРАДЕЊЕ – Нека апликацијата LEGO Builder ги води децата на интуитивна авантура на градење, каде што можат да ги зачуваат сетовите, да го следат напредокот и да ги зумираат и ротираат моделите во 3D додека градат

• НАСИТЕТЕ ЈА СТРАСТА НА ВАШЕТО ДЕТЕ – Секој 3 во 1 сет им дава на децата 3 различни опции за градење инспирирани од нивните најголеми страсти, вклучувајќи животни, возила и куќи

• ДИМЕНЗИИ – Овој сет за градење животни со 542 делови содржи LEGO® модел на делфин висок над 25 cm, долг 20 cm и широк 7 cm

Слични производи