Опис на производот
Исчисти ја свеста и излези од сивото секојдневие со овој градежен проект што нуди вистинско опуштање! Ако твојата страст кон сетовите со возови никогаш навистина не исчезнала, ќе ги обожаваш неверојатните детали на локомотивата „Крокодил“, вечен класик од златната ера на железничкиот сообраќај. Инспирирана од локомотивата Ce 6/8 II, првпат изградена помеѓу 1919 и 1927 година за Швајцарските Сојузни Железници, оваа прекрасна LEGO® макета е преполна со реалистични детали. Те очекува многу за откривање, меѓу другото и страничните прачки што се движат во склад со вртењето на тркалата, како и прилагодливите пантографи што се движат нагоре‑надолу. Подигни го покривот за да пристапиш до кабината на персоналот, а потоа со помош на 2 минифигури оживеј ја приказната на овој иконски воз! Надгради ја со делови Powered Up (се продаваат посебно), со кои можеш да ја моторизираш својата локомотива! Локомотивата „Крокодил“ (10277) е дел од колекцијата LEGO® сетови за градење модели, создадена за возрасни што обожаваат прекрасен дизајн. Исто така е и одличен подарок за секого што ги сака моделите на возови.
Податоци за производот
• Главните карактеристики на производот наскоро ќе ги сумираме и тука.
• Дотогаш, описот на производот погоре и сликите ќе Ви помогнат да се снајдете.