Опис на производот
Изгради го сопствениот Ford Mustang, кој се одликува со темносина каросерија, бели тркачки линии, агресивен довод на воздух и класични, 5-крака тркала со гуми со силно прилепување! Во соработка со Ford го развивме овој импресивен модел, кој ја доловува магијата на препознатливиот американски спортски автомобил од 1960-тите години. Моделот вклучува дополнителни аксесоари со кои можеш да го приспособиш автомобилот, како што се компресор, заден спојлер, моќни издувни цевки, преден спојлер и резервоар за азотен оксид. Дури можеш да ја прилагодиш и висината на задната оска за уште поефектен изглед! Отвори го багажникот, во кој можеш да чуваш различни елементи, а потоа крени ја хаубата за да го провериш детално изработениот, голем-блок 390 V8 мотор, дополнет со акумулатор, црева и филтер за воздух. Потоа отвори ги вратите или тргни го делот од покривот за да пристапиш до детално изработената внатрешност, опремена со импресивни седишта, радио, менувач поставен на централната конзола и функционален управувач! Овој исклучителен LEGO® Creator Expert модел е заокружен со печатен амблем со Mustang решетка, GT-значки и повеќе видови регистарски таблички!
Податоци за производот
• Главните карактеристики на производот наскоро ќе ги сумираме и тука.
• Дотогаш, описот на производот погоре и сликите ќе Ви помогнат да се снајдете.