Опис на производот
Инспирирај млади градители на возраст 5+ со LEGO® Classic Creative Pastel Fun (11028). Со модели што брзо се составуваат и бескрајна забава со слободно градење, оваа впечатлива мешавина од коцки ги охрабрува децата да ја следат својата страст кон уметноста и дизајнот. Креативна игра со пастелни бои Овој креативен сет за градење содржи 333 делови во различни форми, големини и пастелни бои. 18 од коцките имаат изразени очи кои децата можат да ги користат за да им дадат живот на своите креации. Вклучени се јасни печатени упатства за градење за 5 модели што лесно се составуваат: облак, сладолед, диносаурус, мачка и робот. Како што расте нивната креативна самодоверба, децата можат да истражуваат бескрајна забава со слободно градење. Дигитална верзија од упатствата за градење на сетот може да се најде и во апликацијата LEGO Builder. Одлично за целото семејство Играчките LEGO Classic 5+ им ставаат идеи и инспирација во рацете на децата и нудат совршена можност возрасните да споделат забава во градењето и развојни достигнувања со своите деца.
Податоци за производот
• Главните карактеристики на производот наскоро ќе ги сумираме и тука.
• Дотогаш, описот на производот погоре и сликите ќе Ви помогнат да се снајдете.