Опис на производот
Овој сет за играње LEGO® City „Искуство со достава на пица со возила“ (60496) за деца на возраст од 6 години нагоре е одлична идеја за подарок и нуди часови фантастична забава со храна. Оваа играчка-пицерија, со простор за подготовка на храна и јадење, е полна со функции за деца кои сакаат игри со ресторан и играчки-возила. Заврти го бројчаникот и гледај како трепкаат пламените додека пиците се туркаат во печката на дрва. Потоа турни ја рачката за да го лансираш спортскиот автомобил со оган на него што исфрла пица од хаубата. Децата исто така можат да вршат достава со зелениот скутер и дроном со своја сопствена платформа за слетување. Сетот доаѓа со многу додатоци за имагинарна игра, вклучувајќи ретро апарат за игри, пици, кутии за достава, каса и многу повеќе, плус 5 минифигури, вклучително и дете со кохлеарен имплант за игра со претварање и раскажување приказни. Децата можат да создаваат самоуверено користејќи ја апликацијата LEGO Builder, каде што можат да зумираат, да ги вртат моделите во 3D и да го следат својот напредок додека градат. Сетот содржи 494 делови.
Податоци за производот
• ИГРАЧКА-ПИЦЕРИЈА – Послужи брза забава со храна со сетот за градење LEGO® City „Искуство со достава на пица со возила“ (60496) за деца кои сакаат пица, ресторани и имагинарна игра
• ПАРАДИЗ НА ПИЦА-МАЈСТОРОТ – Децата имаат сѐ што им е потребно за да создадат реалистични приказни со храна со печка на дрва, простор за подготовка, место за јадење, каса, апарат за игри и 5 минифигури
• ЗАБАВНИ КУЈНСКИ ФУНКЦИИ – Заврти го бројчаникот и гледај како трепкаат пламените додека вкусните пици се туркаат во печката
• ВИСОКОБРЗИНСКИ ВОЗИЛА ЗА ДОСТАВА – Стигни до муштеријата брзо со туркање на рачката за да го активираш спортскиот автомобил со вграден лансер за пица или прикачи кутија за достава на дроном или на задниот дел од скутерот
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК ЗА ДЕЦА – Одличен роденденски или празничен подарок за момчиња и девојчиња на возраст од 6 години нагоре кои сакаат игра со ресторан, брзи возила и интересни играчки за градење
• УШТЕ ПОВЕЌЕ LEGO® CITY АВАНТУРИ ЗА ОТКРИВАЊЕ – Ослободи уште повеќе забава кога ќе го додадеш овој ресторански сет за играње на другите модели (се продаваат посебно) од асортиманот LEGO City
• ПОМОШНИК ЗА ГРАДИТЕЛИТЕ – Апликацијата LEGO Builder ги води децата на креативно патување каде што можат да зумираат, да ги вртат моделите во 3D и да го следат и зачуваат својот напредок додека градат
• ДИМЕНЗИИ – Моделот на пицеријата во овој сет LEGO® City со 494 делови е висок над 16 cm, широк 27 cm и длабок 12 cm