Опис на производот
Запознајте ги децата на возраст 4+ со свет на имагинативна игра со сетот за градење играчки LEGO® City Motorcycle Transporter (60491). Овој сет со играчки возила вклучува камион играчка со рамен товарен простор и масивни гумени гуми, 2 спортски мотоцикли играчки и 2 минифигури тркачи со кациги. Децата можат да ги товараат и истовараат моторите со користење на рампата, да одигруваат епска тркачка акција со мотоцикли и да сместат минифигура во кабината за забавни авантури на пат. Овој лесен за градење сет за игра вклучува елемент LEGO Почетна коцка, едноставен сликовит водич и 3D инструкции во апликацијата LEGO Builder – дигитален придружник за градење со алатки за зумирање и ротирање кои им овозможуваат на децата да ги визуелизираат моделите од сите агли додека градат. Овој сет е забавна награда или роденденски подарок за момчиња и девојчиња кои сакаат тркачки играчки, креативна игра и имагинативно раскажување приказни. Додајте ги овие возила играчки на други сетови за градење (се продаваат посебно) од палетата LEGO City за уште повозбудлива тркачка акција. Сетот содржи 88 делови.
Податоци за производот
• СЕТ СО ВОЗИЛА ИГРАЧКИ ЗА ВОЗРАСТ 4+ – LEGO® City Motorcycle Transporter (60491) е забавен воведен сет за игра за деца на возраст од 4 години нагоре кои сакаат модел камиони и тркачки играчки
• ШТО ИМА ВО КУТИНАТА – Содржи сè што им е потребно на децата за да изградат камион играчка со рамен товарен простор, 2 мотоцикли играчки и 2 минифигури возачи за да поттикнат имагинативна игра и раскажување приказни
• ИГРАЧКИ ЗА ИГРА СО ПРЕТВАРАЊЕ – Децата можат да сместат минифигура во кабината на камионот со рамен товарен простор и да ја прикачат рампата за да ги товараат и истовараат 2-те модел мотоцикли
• ДОДАТОЦИ ЗА ИГРА – Овој сет со возила играчки доаѓа со додатоци за LEGO® минифигури за имагинативна игра, вклучувајќи клуч, чаша и смартфон
• ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК МТОТОЦИКЛИ ЗА ДЕЦА – Прославете роденден или било каква посебна пригода со овој сет за градење возило играчка за момчиња и девојчиња на возраст од 4 години нагоре
• ТВОЈОТ ГРАД БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА – Децата можат да ослободат уште повеќе забава кога ќе го додадат овој сет на други (се продаваат посебно) од палетата LEGO® City Vehicles
• ПОМОШНА РАКА ЗА МЛАДИТЕ ГРАДИТЕЛИ – Вклучува елемент LEGO® Почетна коцка, едноставен сликовит водич и 3D дигитални инструкции во апликацијата LEGO Builder
• ДИМЕНЗИИ – Камионот со рамен товарен простор во овој сет за градење од 88 делови е висок над 8 cm, долг 14 cm и широк 7 cm