Опис на производот
Оди на железничката станица и тргни на забавна екскурзија! Качи се во сјајниот LEGO® City 60197 Патнички воз и за време на патувањето избери нешто вкусно од понудата во вагонот-ресторан! Уживај во пејзажот што поминува покрај тебе пред да се вратиш на своето место за малку да се одмориш. Динг-динг! Будење, возот пристигна на станицата! Време е да се упатиш кон следната авантура во градот LEGO City!