Опис на производот
Уживај во хармоничен занаетчиски проект со сетот за градење LEGO® Botanicals Лилија на мирот (11504) за возрасни, кој им овозможува на љубителите на природата да создадат прекрасен украс со лилја. Ослободи ја својата креативност додека ја изработуваш елегантната LEGO Лилија на мирот, која вклучува лилји во 3 фази од животот: откриј 2 завиткани пупки, 2 делумно отворени цветови и 2 во целосен расцвет. Восхити се на реалистичните LEGO цветови, а потоа откриј забавни детали, вклучително и преобоена морковка за обликот на спадиксот на половина-расцветаната лилија и делче пуканка на врвот на спадиксот на лилијата во полн расцвет. Поставена во саксија со праскаста боја, LEGO Лилијата на мирот станува прекрасен цветен украс што ќе внесе доза на спокој во секоја просторија. Како внимателна идеја за цветен подарок за родендени, вселби, Денот на мајката и Свети Валентин, овој цветен сет за градење е достапен во апликацијата LEGO Builder, каде идните цветари можат да зумираат, ротираат и да го следат својот напредок. Сетот содржи 474 делови.
Податоци за производот
• ЦВЕТЕН УКРАС – Создади цветови што ќе траат засекогаш со овој LEGO® Botanicals Лилија на мирот сет за градење (11504) за возрасни, имерзивен занаетчиски проект за жени и мажи
• LEGO® ЦВЕТОВИ – Изгради ги лилиите на мирот во 3 фази на цвет: има 2 завиткани пупки, 2 делумно отворени цветови и 2 цветови во целосен расцвет
• МНОГУ ДЕТАЛНО – Цветниот LEGO® сет вклучува преобоена морковка за обликот на спадиксот на делумно отворените цветови и делче пуканка на врвот на спадиксот на целосно отворените цветови
• ЦВЕТНА ДЕКОРАЦИЈА – Откако ќе ја завршиш, постави ја LEGO® Лилијата на мирот со гордост како природен украс што носи доза на хармонија во секој дом или канцеларија
• ПОДАРОК ЛИЛИЈА – Овој цветен сет за градење е одличен подарок за жени и мажи и е совршен избор за вселба, Денот на вљубените или Денот на мајката
• АПЛИКАЦИЈА BUILDER – Сетот за градење лилија на мирот е достапен во апликацијата LEGO® Builder, каде идните цветари можат да пристапат до дигитални инструкции и да го следат својот напредок
• КОЛЕКЦИЈА BOTANICALS – Изгради уште повеќе цветови со други сетови за градење (се продаваат посебно) од линијата LEGO® Botanicals, каде ќе најдеш рози, дрвја бонсаи, саксиски растенија и повеќе
• ДИМЕНЗИИ – Лилијата на мирот од 474 делови е висока над 30 cm, широка 25 cm и длабока 22 cm