Опис на производот
Нека вашата креативност процвета со сетот за градење LEGO® Botanicals Sunflower Bouquet (11502) за возрасни. Овој прекрасен LEGO букет вклучува 6 сончогледи во различни фази на развој. Уживајте во создавањето 1 пупка од сончоглед, 3 сончогледи што почнуваат да цветат и 2 големи целосно отворени сончогледи, плус 4 стебла евкалиптус. Овие LEGO цветови се дизајнирани да бидат многу реалистични, а ливчињата и стеблата се прилагодливи, така што идните цветари можат да ги наредат растенијата во уникатен букет и гордо да го изложат како цветна декорација. Може и да се комбинира со други LEGO Botanicals сетови (се продаваат одделно) за создавање поголем, приспособен цветен аранжман. Се смета дека сончогледите претставуваат позитивност, љубов и среќа, па затоа овој LEGO сет за градење е внимателно избран роденденски, валентински, осмомартовски или поклон за вселба за жени, мажи и љубители на природата. Достапен е и во апликацијата LEGO Builder, каде градителите можат да ги вртат своите модели и да го следат својот напредок. Сетот содржи 686 делови.
Податоци за производот
• СЕТ ЗА ГРАДЕЊЕ ЦВЕЌИЊА – Нека креативноста порасне високо додека создавате цветови за декорација со сетот LEGO® Botanicals Sunflower Bouquet (11502) за возрасни
• LEGO® СОНЧОГЛЕДИ – Букетот вклучува 6 сончогледи во различни фази: 1 пупка од сончоглед, 3 сончогледи што почнуваат да цветат и 2 големи целосно отворени сончогледи
• ПРИЛАГОДЛИВИ ЛИВЧИЊА – LEGO® букетот исто така содржи 4 стебла евкалиптус, како и прилагодливи ливчиња и стебла за градителите да можат да создадат уникатен цветен аранжман
• ЦВЕТНА ДЕКОРАЦИЈА – Кога букетот ќе биде завршен, може да биде изложен како декорација со сончогледи во која било просторија или канцеларија или да се комбинира со други LEGO® Botanicals сетови (се продаваат одделно) за да се направи голем цветен аранжман
• ЦВЕТЕН ПОДАРОК – Се смета дека сончогледите претставуваат позитивност, љубов и среќа, што го прави овој сет одличен роденденски, валентински, осмомартовски или поклон за вселба за жени, мажи и љубители на природата
• АПЛИКАЦИЈА ЗА ГРАДИТЕЛИ – Овој сет за градење цветови за возрасни е достапен во апликацијата LEGO® Builder, каде идните цветари можат да пристапат до дигитални инструкции за градење и да градат заедно со најблиските
• КОЛЕКЦИЈА BOTANICALS – Изградете уште повеќе цветови со други сетови за градење (се продаваат одделно) од линијата LEGO® Botanicals, каде ќе најдете рози, лалиња, саксиски растенија и многу повеќе
• ДИМЕНЗИИ – Сетот содржи 686 делови, а димензиите на сончогледите варираат, но двете целосно отворени цветови се високи над 36 cm