Опис на производот
Создај го сопственото LEGO® Art дело „Клод Моне – Мост над баричка со кумудини“ (31220), импресионистичка ѕидна уметност со овој сет за градење за возрасни од 18 години нагоре. Создаден во соработка со Музејот Метрополитен во Њујорк, кој чува над 1,5 милиони уметнички дела, вклучувајќи ја и оригиналната, позната масло-слика на Моне од 1899 година, овој украс изграден од LEGO коцки ја почитува богатата текстура и убавина на неговиот импресионистички стил. Како смело преосмислување на неговото ремек-дело, креативно користи LEGO елементи за да ги прикаже дрвјата, мостот и кумудините што тој ги насликал во својот двор во Живерни, за кој со љубов се грижел целиот свој живот. Овој неверојатен и многу детален сет со ѕидна уметност на Моне има механизам за закачување на задната страна. Постави го на ѕид за да додадеш украс со природни мотиви и спокој во твојот дом. Како награда за себе или како креативен подарок за возрасни, овој LEGO Art сет нуди имерзивна и опуштачка креативна активност додека градиш со LEGO коцки. Сетот содржи 3.179 делови.
Податоци за производот
• ЅИДНА УМЕТНОСТ НА КЛОД МОНЕ – Создај сопствен детален и шарен ѕиден украс „Клод Моне – Мост над баричка со кумудини“ (31220) со овој сет за градење за возрасни од 18 години нагоре
• ИМПРЕСИОНИСТИЧКА ЅИДНА УМЕТНОСТ – Потопи се во забавно градење што креативно користи добро познати LEGO® елементи, вклучувајќи пеперутки, цреши, банани, мечеви и штитови, за повторно да го создаде ремек-делото на Моне
• ПРОСЛАВИ РЕМЕК-ДЕЛО – Овој LEGO® украс е создаден во соработка со Музејот Метрополитен во Њујорк, каде што е изложена оригиналната масло-слика на Моне од 1899 година
• ИЗЛОЖИ ПОЗНАТА СЛИКА – Оваа верзија на сликата на Моне со кумудини, изградена од коцки, има механизам за закачување на задната страна за да можеш да ја изложиш и да додадеш боја, природа и спокој во секоја просторија
• КРЕАТИВЕН ПОДАРОК ЗА ВОЗРАСНИ – Подари ја оваа LEGO® ѕидна уметност како смирувачки, креативен подарок за возрасни кои страстно ги сакаат познатите слики и уживаат во имерзивни и креативни активности
• 3D УПАТСТВА ЗА ГРАДЕЊЕ – Подготви се да градиш како никогаш досега со апликацијата LEGO® Builder, која ти овозможува да ги зачуваш сетовите, да го следиш напредокот, да зумираш и да го вртиш сетот со помош на 3D упатства за градење
• СЛУШАЈ ГО ПОДКАСТОТ – Скенирај QR-код во упатството за да слушаш подкаст за Клод Моне и инспирацијата за неговата уметност, со кустос од Музејот Метрополитен
• ДИМЕНЗИИ – Овој сет за градење ѕидна уметност има 3.179 делови и е висок 51 cm, широк 41 cm и длабок 4 cm