Опис на производот
Донеси ја до живот огромната убавина на галактиката Млечен Пат (31212) со овој неверојатен LEGO® ѕиден уметнички сет за градење за возрасни. Тој е совршена идеја за подарок за уредување на домот и им овозможува на градителите да се нурнат во креативна активност пред да го употребат елементот-закачалка за да ја изложат творбата. Ова восхитувачко уметничко дело е создадено од 3.091 слоевито наредени LEGO коцки и делови за да се добие 3D ефект со неверојатна длабочина и текстура. Ги вклучува некои од најпознатите точки од интерес во Млечниот Пат, вклучувајќи ги Trappist-1, Плејадите, Раковидната маглина и Столбовите на создавањето. Исто така има и плочка „Тука си ти“ за да се покаже местото на Земјата во галактиката. Овој подарок инспириран од астрономија и вселената е изграден на 5 различни панели, секој со сопствено книже со упатства за градење, па семејството, пријателите и најблиските можат да градат заедно за забавно и друштвено искуство. Додека градат, можат да го скенираат QR-кодот во секое книже за упатства за да дознаат повеќе за Млечниот Пат преку специјално курираниот звучен запис на сетот.
Податоци за производот
• ЅИДНА УМЕТНОСТ МЛЕЧЕН ПАТ – Создај големо уметничко дело со галактиката Млечен Пат со овој LEGO® сет за градење за возрасни
• 3D ЅИДЕН ДЕКОР ОД LEGO® – Уметничко дело со галактиката Млечен Пат создадено од 3.091 слоевито наредени LEGO коцки и делови за да се добие 3D ефект со длабочина и текстура
• ПОЛНО СО ДЕТАЛИ – Ѕидното уметничко дело вклучува некои од најпознатите ѕвезди, јата и други спектакли во Млечниот Пат, вклучувајќи ги Trappist-1, Плејадите, Раковидната маглина и Столбовите на создавањето
• СЛУШАЈ И УЧИ – Градителите можат да скенираат QR-код во книжетата со упатства за градење за да откријат повеќе за Млечниот Пат преку специјално курираниот звучен запис на сетот
• ВСЕЛЕНСКА ИДЕЈА ЗА ПОДАРОК – LEGO® уметнички сет за возрасни кои ја сакаат астрономијата и уживаат да се нурнат во креативна активност
• ДРУШТВЕНО ИСКУСТВО ВО ГРАДЕЊЕ – Оваа идеја за подарок за уредување на домот е составена од 5 различни панели, секој со свое книже со упатства за градење за да може група пријатели да создаваат заедно
• СЕТОВИ LEGO® Art – Останатиот дел од палетата LEGO® Art им дава можност на возрасните да создадат свое дело од уметност изградено од коцки за изложување дома или во канцеларија
• МЕРКИ – Овој сет за градење за возрасни од 3.091 делови е висок над 40 cm, широк 65 cm и длабок 5 cm