Опис на производот
Доживеј ја неверојатната големина на Empire State Building, коцка по коцка, со овој извонреден LEGO® Architecture сет! Empire State Building, сместена во срцето на New York City, се издига над околните облакодери, а нејзината антена достигнува вртоглава височина од 443 m. Градењето започнало во 1930 година и завршило во 1931 година, но својата конечна височина зградата ја добила со антената поставена во 1950 година. И денес таа е една од најпознатите знаменитости во светот, која секоја година привлекува околу 4 милиони посетители. Оваа LEGO Architecture верзија ја доловува исклучителната симетрија на зградата, од 4-те фасади па сѐ до антенската кула во арт-деко стил, а висината ѝ надминува 55 cm – што ја прави најголемиот LEGO Architecture модел во моментов (јули 2019). Основната плоча, која ја прикажува Петтата авенија и околните улици, е збогатена со жолти таксија, а на оваа восхитувачка реплика завршен сјај ѝ дава украсната плочка со име.