Опис на производот
Дофати ја суштината на архитектурата на Лондон со овој прекрасен сет, во кој заедно ќе ги најдеш препознатливата Национална галерија, столбот на Нелсон, London Eye, Big Ben (Кулата Елизабета) и Tower Bridge, во една единствена, сеопфатна и инспиративна силуета на градот! Секоја LEGO® градба е дизајнирана така што да нуди посебно и возбудливо доживување при градењето, прикажана во реалистични бои и со соодветна размера. На основната плоча покриена со плочки е прикажана и лондонската река Темза, со што се зголемува реалистичноста на овој прекрасен модел, кој ја претставува неверојатната архитектонска разновидност на еден од најдинамичните градови во светот.