Опис на производот
Подгответе се за ново искуство во играта со импресивното теренско возило LEGO® Technic 4x4 X-treme! Моделот можете да го управувате преку апликацијата LEGO TECHNIC CONTROL+, која нуди низа функции и карактеристики што се управуваат преку апликацијата! Изберете меѓу различните екрани за управување со кои можете да се движите нанапред и наназад, да свртувате, да забрзувате, да забавувате и да поминувате преку пречки, да репродуцирате одлични звучни ефекти и да добивате повратни информации во реално време, како на пример преку брзиномерот и мерачот на нагиб – сето тоа од удобноста на вашиот паметен уред! Или, пак, можете да ги тестирате своите вештини во делот со предизвици и награди во апликацијата – колку значки за награди можете да соберете? Со висока независна суспензија, огромни тркала и гуми, како и со впечатлива комбинација на бои и налепници, супер издржливото LEGO 4x4 е најкул теренско возило во градот што се управува преку апликација!