Nagyszerű ajándékok London-rajongóknak

Одлични подароци за љубителите на Лондон

Лондон. Самото име буди иконски слики. Кралски поворки и палати. Величествената Темза. Раздвижен, космополитски топилник на култури, преполн со култура и најзначајните британски знаменитости.

Архитектонски, тој претставува впечатлив спој на старото и новото. А сега секој може да изгради свои сувенири од Лондон кога и да посака, со помош на LEGO® комплетите што ја слават британската престолнина. Еве кои подароци им ги препорачуваме на љубителите на Лондон.

Подготвени сте за носталгично доживување со реплика на омилена културна икона и прославен симбол на Велика Британија? Време е да ја повикате нашата црвена лондонска телефонска говорница!

Препознатлив призор уште од 1920-тите: светлоцрвената лондонска телефонска говорница K2 е единствена, а нè потсетува на кривулестите улички, неверојатната историја и неповторливиот шарм на оваа безвременска престолнина.

Оваа типична лондонска сцена е комплетирана со калдрмисана улица, улична светилка, висечки цветни кошници, саксија со цвеќе, ограда и уличен знак. Во комплетот има и LEGO светлосен елемент што ја осветлува внатрешноста на телефонската говорница. Но тоа не е сè – комплетот може да се користи и како држач за паметен телефон.

Не ја одложувајте одлуката. Ова е задолжителен модел за секого на кого Лондон му е при срце. Ѕвон! Ѕвон!

Сподели
Facebook
Twitter
Pinterest
Е-пошта
Копирајте ја врската
Врската е копирана!